Македонската репрезентација на кошаркари до 18 години заврши на 14-то место на Европското првенство во Белград, и тоа значи враќање во Б дивизија.
Денеска во клучниот меч за опстанок, нашите таленти претрпеа пораз од Бугарија со 87-90.
Бугарите имаа плус десет на три минути до крај, но тимот на селекторот Горан Андреевски не се предаде и намали на 84-86, а тогаш на 18,1 секунди до крајот, Скрински погоди тешка тројка од голема далечина во последна секунда од бугарскиот напад и источниот сосед отиде на 89-84 што се покажа како недостижна предмост и ја исфрли Македонија од елитата во оваа возрасна категорија.
Димовски со 29 поени беше најефикасен, Јаничиќ уфрли 19, Данев 18, но сето тоа беше попусто, бидејќи останавме без место на главното ЕП за следната година и се враќаме во Б дивизија.