Фудбалерот на Виган, Џејмс Меклин, има луда идеја, инцидентите на фудбалските терени да не бидат спречувани од судиите кои треба да ги остават играчите десетина секунди да се истепаат.
Тој смета дека не е лошо во фудбалот да се ископира правилото од хокеј на мраз каде судиите им дозволуваат на играчите да се степаат, а потоа ги казнуваат со две минути.
„Што ако во фудбалот се донесе правило кое постои во хокеј на мраз. Ако има некаков проблем меѓу двајца играчи, треба да се пуштат 10-15 секунди да се истепаат, па потоа да ги раздвојат. Гарантирам дека ќе има помалку туркања“, напиша Меклин на својот профил на Твитер.
James McClean suggests legalising 10-15 second FIGHTS in football https://t.co/UKBZJ22xtA via @MailSport
— Mark and Sarah Slingsby. (@mjs2022121272) February 17, 2023