Луда идеја, на култниот англиски стадион мечевите ќе се гледаат и од базен?

Сопственикот на Фулам, Шахид Кан, одлучи да го реновира култниот стадион „Крејвен котиџ“ и притоа на новата трибина планира да изгради базен од каде што ќе може да се гледаат натпреварите.

Според планот на Кан, ќе се изгради нова трибина „Риверсајд“, а новиот сектор на стадионот, кој е изграден во далечната 1896 година, на навивачите ќе им понуди и луксузни ложи, ресторани во коишто ќе работат готвачи кои имаат Мишелин ѕвезди и со базени!?

„Мојата визија за новата трибина „Риверсајд“ беше да им понудам на нашите навивачи и нашето соседство, дестинација која ќе продолжи да ја почитува нашата историја и традиција на „Крејвен котиџ“ секој ден во годината. Ќе можеме да понудиме повисоко ниво на гостопримство и можности кои досега им беа недостапни на навивачите на Фулам“, изјави Кан.

Реновирањето би требало да биде завршено до крајот на годината, а англиските медиуми не се воодушевени од идејата да се изгради базен на врвот на трибината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести