Луда ноќ во НБА – Лилард со рекордни 60 поени претрпе пораз, ниту 52-та на Расел не му помогна на Голден стејт

Демиен Лилард го подобри клупскиот рекорд на Портланд со 60 постигнати поени против Бруклин нест, но неговиот тим загуби со 115:119.

Бекот на Трејлблејзерс сепак не можеше да победи сам, иако одигра симултанка, а изосатан поддршката од соиграчите. Кај Бруклин извонредни беа Спенсер Динвиди со 34 поени и Кајри Ирвинг со 33.

https://twitter.com/trailblazers/status/1193041778196258816?s=20

Слично сценарио му се случи и на Деандре Расел со Голден стејт вориорс. Бекот на воините постигна неверојатни 52 поени, но поранешниот првак загуби од Минесота со 119:125 по едно продолжение. Ендрју Вигинс постигна 40 поени за домапниот тим, кој се спаси од пораз во регуларниот дел на чудесен начин, иако губаше со 4 поени разлика на неполна минута до крајот.

Расел и Лилард станаа првиот тандем кошаркари по 14 години што заедно во иста ноќ постигнале 50, или повеќе поени.ч Последно дуо на кого му успеал ваков подвиг се Винс Картер и Ален Ајверсон во 2005 година.

Ноќта на чудесни порази на тимовите чии ведети одиграа блескави мечеви продолжи и во случајот со Лука Дончиќ и Далас маверикс.

Словенецот беше незапирлив со супер трипл-дабл од 38 поени 14 скока и 10 асистенции, но Далас загуби дома од Њујорк. Никс му дојдоа на гости на Кристапс Порзингис, кој за првпат играше против својот поранешен тим и загуби со 102:106. Летонецот постигна 29 поени со 9 скока, а сепак ни неговата одлична партија, ниту маестралната на Дончиќ не помогна да се избегне пораз.

Маркус Морис продолжи со феноменалните партии за Никс и со 29 поени беше лидер во втората победа за тимот од Големото Јаболко во деветтиуот меч сезонава во НБА лигата.

Резултати: Индијана пејсерс – Детроит пистонс 112: 106, Орландо меџик – Мемфис гризлис 118:86, Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс 100:113, Атланта хоукс – Сакраменто кингс 109:121, Минесота тимбервулфс – Голден стејт вориорс 125:119 (по продолжение), Њу Орлеанс пеликанс – Торонто репторс 104:122, Далас маверикс – Њујорк никс 102:106, Денвер нагетс – Филаделфија 76 100:97, Јута џез – Милвоки бакс 103:100, Портланд трејлблејзерс – Бруклин нетс 115:119, Лос Анџелес лејкерс – Мајами хит 95:80.

 

- Оглас -

Најнови вести