Луда приказна од Хрватска, пехарот и медалите за шампионот ќе чекаат на автопат!

Титулата во фудбалското првенство на Хрватска ќе ја освојат Риека, Динамо Загреб или Хајдук, а хрватските медиуми објавуваат луда приказна дека пехарот и медалите наменети за првакот нема да бидат на ниту еден од стадионите на коишто ќе се игра последното коло в недела, туку ќе чека во автомобил некаде на „половина пат“, меѓу Риека и Загреб.

Најавите се дека за време на мечевите, пехарот ќе биде кај Босиљево, кое е на околу еден час возење до Риека, каде што игра Риека со Славен Белупо, и Загреб, каде што игра Динамо со Вараждин. Хајдук, кој заостанува два бода зад Риека и Динамо, има најмали шанси за титула, а игра и најдалеку, во Шибеник, кој е на околу два и пол часа возење од Босиљево.

Кога ќе стане јасно кој ќе биде шампион, автомобилот со пехарот веројатно со полициска придружба со максималната дозволена брзина ќе тргне кон градот во којшто ќе се прогласи најдобриот.

Имало опции и да се патува со хеликоптер или да се додели реплика од пехарот, но во Хрватскиот фудбалски сојуз се откажале од тие идеи.

- Оглас -

Најнови вести