Луда работа – Боксер почина откако неговиот брат го уби за 50 долари

Боксерот Ајзеа Џонс е убиен пред неколку дена во Детроит, откако беше упукан од страна на братот Тимоти.

Според информациите, настанала кавга за 50 долари а Тимоти посегнал по пиштолот и пукал кон Ајзеа. Тој веднаш побегнал, но благодарение на брзата интервенција на полицијата е уапсен и однесен во притвор каде што чека судење.

Ајзеа во последните години имаше голем пад и забележа пет последователни порази, а во текот на целата своја кариера имаше вкупен скор од девет победи и седум порази.

- Оглас -

Најнови вести