Французите сè уште жалат за поразот на пенали од Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар и сметаат дека се оштетени од судиите и голем дел од нив бараат мечот за титулата да се преигра.
Масовно ја потпишуваат петицијата за ново финале со Аргентина, иако знаат дека тоа е невозможно, а досега се потпишале дури 200 илјади луѓе.
Повикот е да има масовен одѕив за да се привлече вниманието на ФИФА и искрено се надеваат дека ќе дојде до нов дуел за Златната божица.
Французите протестираат против лошата арбитража на полскиот судија Марчињак и неговите колеги и велат дека Аргентина била фаворизирана, а Триколорите отштетени, особено за вториот гол на новите светски прваци.
Мечот во регуларен дел заврши 2:2, по продолженија 3:3, а на пенали Аргентинците беа подобри и ја освија третата шампионска круна.
Франција остана на двата пехари и не успеа да ја одбрани титулата од 2018 година што ја освои во Русија.