Луда работа: Навивач со нож во раце тргна кон фудбалерите (Видео)

Навивачите во Бразил продолжуваат со испади, а последниот се случи на дуелот од јуниорскиот Куп за играчи до 20 години меѓу Сао Пауло и Палмеирас. Гостите победија минимално со 1:0 и се пласираа во финалето на Купот, каде ги чекаат врсниците на Сантос.

Додека се играше полуфиналниот дуел, пред крајот на првото полувреме, еден навивач на Сао Пауло втрча во теренот и сакаше физички да се пресмета со фудбалер на Палмеирас. Реагираа домашните навивачи, но потоа од трибините скокнаа уште двајца навивачи. Се случи метеж, но за среќа, никој не беше повреден, а судијата на теренот забележа дека има фрлено нож.

Ладното оружје беше предадено на делегатот, а мечот за среќа продолжи без други инциденти.

- Оглас -

Најнови вести