Луда работа: Навивачите запалија огномет на трибина, мечот 30 минути беше прекинат (Видео)

Нов прекин во француското првенство и повторно поради навивачки нереди. Дуелот меѓу Сент Етјен и Монако се играше само до 67 минута, кога домашните навивачи запалија огномет на трибините.

Огнометот удираше во кровот од трибината и паѓаше дел на теренот, а дел на трибините, па едноставно судијата немаше опција и мораше да го прекине дуелот. До прекинот, Монако имаше предност од 3:1.

По прекин кој траеше речиси половина час, мечот продолжи.

- Оглас -

Најнови вести