Турција не успеа да се пласира во финалето од баражот за пласман на Светското првенство откако со 3:1 загуби на гости кај Португалија. Домаќините водеа со 2:0, но Турците не се предадоа и во 65-тата минута Бурак Јилмаз погоди за 2:1. Истиот играч имаше шанса да израмни на 2:2 откако во 85-тата минута беше досуден пенал за гостите.
Јилмаз шутираше непрецизно, а до крајот на мечот Португалците дадоа трет гол за 3:1. Еден турски фан го снимал моментот кога Јилмаз шутира пенал, и тоа држејќи пиштол во рака. Кога Јилмаз промашува, навивачот пука директно во телевизорот, односно во правец кон Јилмаз.