Луда работа во Грција: Газдата на ПАО се заканил дека ќе ја силува ќерката на газдата на Олимпијакос

Ривалството меѓу Панатинаикос и Олимпијакос е едно од најголемите во Европа, но сепак тоа што се случува за време на финалната серија во кошаркарскиот шампионат во Грција, ги поминува сите граници.

Контроверзниот сопственик на ПАО, Димитрис Јанакопулос се најде во центарот на нов скандал и тоа поради една неверојатна изјава.

Според грчките медиуми, Јанакопулос предизвикал инцидент пред соблекувалната по натпреварот, каде што следела жестока расправија со полицијата. Ситуацијата кулминирала до тој степен што обвинителот издал налог за апсење на сопственикот на Панатинаикос. Сепак, наместо да биде приведен, Јанакопулос, со помош на обезбедувањето, успеал да избега од салата.

Генералниот директор на Олимпијакос, Никос Лепениотис посочи сериозни обвинувања против Јанакопулос.

„Навредливата фраза која што ја кажа беше нереална и одвратна. Тој дојде кај нас и рече: Одете и кажете му на Ангелопулос дека ќе му ја силувам ќерката и тоа пред неговите очи. Ова го служнаа голем број на сведоци. Тука беа и луѓето од неговото обезбедување, но и членови на неговиот тим“, открива Лепениотис.

- Оглас -

Најнови вести