Кливленд го победи Питсбург со 21:7 во меч кој ќе биде запамтен по немилите сцени кои не се видени во НФЛ првенството на САД.
На осум секунди до крајот на мечот, кога веќе беше сè решено, се случи инцидент во кој учествуваа дефанзивецот на Кливленд, Милс Герет, и квотербекот на Питсбург, Мејсон Рудолф. Дефанзивецот го собори Рудолф на земја, а потоа двајцата започнаа да се борат и започна хаосот. Герет успеа да му го извади шлемот на противникот и тоа му послужи како оружје за да го удри директно во главата.
Засега официјално уште нема какви казни би добиле двајцата инволвирани во инцидентот, но се најавува дека Герет ќе добие суспензија до крајот на сезоната бидејќи со шлемот го удри противникот и можеше да му нанесе тешки повреди.