Манчестер сити нема многу проблеми и веќе води со 3:0 против Нотингам форест во меч од петтото коло во Премиер лигата. Новото засилување за Сити, Ерлинг Халанд, повторно блеска и беше стрелец на сите три погодоци.
Халанд прво погоди во 12-тата минута, а потоа ја затресе мрежата на гостите и во 23-тата минута.
Хет-трикот го комплетира пред крајот на првото полувреме, а тој гол може да го видите ТУКА. Со овие три погодоци, младиот напаѓач стигна до девет погодоци во неговата дебитантска сезона во Премиер лигата.
Тоа што е неверојатно е дека Халанд сите девет гола ги даде во петте меча одиграни во август. Колку за споредба, осум голови во августовски дуели во Премиер лигата има постигнато и Хари Кејн, но англискиот репрезентативец има одиграно дури 26 првенствени дуели во август, за разлика само од петте меча на Халанд.