Пеналите се нарекуваат и најстрога казна за тимот против кој е досуден удар од белата точка, се смета дека тоа е речиси сигурен гол, изведувачот и голманот се сами еден на еден, очи во очи, па чуварите на мрежата мора да смислуваат разни стратегии како да го надмудрат противникот кој е во предност во ваквите ситуации.
Кај изведувачот притисокот е поголем и затоа некои голмани својата шанса ја гледаат во некакви психолошки игри со кои ќе го деконцентрираат изведувачот на пеналот.
Интересен е примерот со Алваро Хименес, голманот на јуниорскиот тим на Расинг Сантандер. Тој одбрани три пенали од последните четири кои му ги шутнаа, но стилот на бранење му е невиден. Тој пред судијата да нареди изведување на пеналот, клечи на колена на гол-линијата. Дури кога изведувачот ќе земе залет, тој брзо се исправа на нозе и се фрла на едната страна.
Оваа стратегија засега му е успешна, тој често ги брани шутевите од белата точка, но веројатно следниот пат кога ќе му шутираат, ова нема да успее. Доколку тој е на колена, а изведувачот шутне од место без залет, голманот Алваро нема да има време да се исправи на нозе и веројатно ќе прими гол.
Но, интересно е да се види како тој ги збунува противниците: