Луда сцена: Варди свири со свирчето додека судијата лежи повреден на теренот (Видео)

Лестер со 2:0 го победи Саутхемптон во меч од 35 коло во англиската Премиер лига, но дуелот најмногу ќе се памти по еден потег на голгетерот на домаќините Џејми Варди.

Ова беше дуел на двете последнопласирани екипи во Премиер лигата кои сигурно ќе испаднат и следната сезона ќе играат во Чемпионшип. Варди погоди за 1:0 за Лестер, а само три минути подоцна, голгетерот на Лестер повторно беше во фокусот, не не поради своите реализаторски способности.

Главниот судија доживеа повреда и падна на теренот, а дел од фудбалерите тоа не го забележаа и продолжија да играат. Тогаш Варди, во обид да ја сопре играта, го зема судиското свирче и побара прекин на играта.

- Оглас -

Најнови вести