Луда сцена во Остин: Алонсо се судри со Строл и возеше на две тркала, се заби во ѕид, а продолжи да се трка (Видео)

Инцидент кој изгледаше страшно, заврши без никакви посериозни последици на Формула 1 трката за Големата награда на САД. На патеката во Остин, Фернандо Алонсо од позади го закачи својот иден тимски колега Ленс Строл, по што предната страна на болидот на Алонсо беше во воздух неколку секунди.

Откако слета на земја, Алонсо се удри во ѕид, но зачудувачки, неговиот болид остана неоштетен и тој ја продолжи трката.

- Оглас -

Најнови вести