Комбинација од пет тениси, дури осум фудбалски дуели, но и две средби од американската бејзбол лига се дел од денешната понуда во Супер типот. Најсигурниот меч од понудата е токму бејзбол дуелот меѓу Торонто и Канзас на кој домаќините лесно треба да победат.
На женскиот дел од европското фудбалско првенство Норвешка треба да се радува во дуелот против Австрија, додека во африканското репрезентативно дерби, Замбија за победа над Сенегал има квота од 2.25.
Во Србија, Чукарички е фаворит за триумф на гостувањето во Нови Пазар, а Спартак Суботица очекува „кец“ против радник Сурдулица.