Комплетирано е шестото од осумте кола во лигашкиот дел од новиот формат на фудбалската Лига на шампиони, и кога ќе се фрли поглед на табелата, таа делува неверојатно.
Пред почетокот на сезоната, тешко дека некој ќе поверуваше оти по шест рунди, Ливерпул ќе има повеќе бодови од Реал Мадрид и Манчестер сити заедно, како и дека ПСЖ ќе биде 25-ти, позиција која не носи ни разигрување за осминафинале, туку испаѓање од Европа.
Од друга страна, во топ 8 се клубови како француските Брест и Лил, а го нема убедливо најсилниот француски тим ПСЖ кој е дури 25-ти и му се заканува испаѓање од Европа, особено што во следното коло игра со Манчестер сити и евентуален пораз може да биде крајно проблематичен.
При врвот се и англиските Астон Вила и Арсенал, а го нема Сити кој според квотите беше прв фаворит за европската титула. Граѓаните немаат шанси за пласман во Топ 8 и директно место во осминафинале, но им треба една победа во последните две кола за да бидат меѓу првите 24 и да се борат за место во осминафиналето.