Возачите на Ферари се трагичари на трката за големата награда на Бразил откако останаа без болид на патеката. Шарлс Леклер и Себастијан Фетел сами си се исфрлија од трката за подиум, и тоа само на пет круга до крајот. Во еден момент двата болиди на Ферари имаа мал контакт, но тоа беше доволно да пукнат гумите од двата болиди и Леклер и Фетел да завршат во аут. Како изгледаше инцидентот може да погледнете ТУКА.
Макс Ферстапен на крајот е победник во неверојатниот финиш на патеката „Интерлагос“ во Бразил. За Ферстапен ова е трета победа сезонава.
Втор заврши Пјер Гасли, кој во луд финиш за половина болид беше побрз од шампионот Луис Хамилтон.