Три нови учесници во нокаут-фазата во Лигата на шампионите се промовираа по вечерашните мечеви од петтото коло во елитното натпреварување на УЕФА. Пари Сен Жермен, Бенфика и Борусија Дортмунд се приклучија на Челзи, кој попладнево си ја заврши работата и сигурно е дека овие четири екипи ќе бидат дел од пролетните возбудувања на ЛШ.
ПСЖ немаше милост против Макаби Хаифа и победи со 7:2 на „Паркот на принцовите“, а и во вториот меч од оваа група резултатот беше со 7+, а Бенфика се радуваше на триумф од 4:3 против Јувентус. Со овие резултати ПСЖ и Бенфика слават место меѓу 16-те најдобри во Европа, а италијанскиот гигант ќе мора да се бори за место во Лигата на Европа.
Борусија Дортмунд успеа да се одбрани против Манчестер сити и на свој терен одигра без голови, што беше доволно Милионерите да стигнат до осум бода, три повеќе од Севилја. против која имаат подобар меѓусебен биланс.
Реал Мадрид, кој уште од претходно беше сигурен во осминафиналето, го претрпе првиот пораз сезонава во сите натпреварувања откако загуби со 2:3 на гости кај Лајпциг. Милан на гости беше убедлив во Загреб и со 4:0 го победи Динамо, па Росонерите сега се со добри шанси да презимат меѓу најдобрите.