Луда завршница: Фиорентина со гол во 103 минута победи кај Калјари

Екипата на Фиорентина победи со 3:2 на гостувањето кај Калјари во меч од последното 38 коло во Серија А. Вистинска драма беше на дуелот на кој Фиорентина водеше на полувреме со 1:0. Во второто  полувреме Калјари направи пресвет и со два гола стигна до водство од 2:1.

Сепак, Фиорентина не се предаде и со голот на Гонзалес во 89 минута стигна до 2:2. Главниот судија покажа дека ќе има пет минути дополнително време, но наместо пет се играше многу повеќе. Во 90+10 минута по прегледуваше на ВАР системот беше досуден пенал за гостите, а Фиорентина со погодок стигна до 3:2. Веднаш по изведениот пенал, судијата означи крај.

Калјари и покрај поразот обезбеди опстанок во Серија А. Фиорентина сигурно нема да биде под осмото место на табелата, што значи дека има обезбедено место во еврокуповите за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести