Луда завршница во Битола, Пелистер израмни против МЗТ

Далеку понеизвесна беше вечерашната пресметка меѓу Пелистер и МЗТ Скопје во однос на првиот дуел кој се одигра во Скопје, а овојпат битолчани беа на победничката страна при минимални 82:79 по продолженија.

Составот на Марјан Илиевски го диктираше темпото во речиси целиот натпревар, меѓутоа ниеднаш не успеа да ја помине границата од двоцифрена предност. Тоа им даваше надеж на Штрковите дека може да остварат пресврт, па во драматичниот финиш изборија дополнителни пет минути игра.

Во нив, Пелистер беше подобар со 12-9 за израмнување на 1-1 во финалната серија во битката за титулата во домашното првенство.

Малешевиќ со дабл-дабл од 20 поени и 13 скока го предводеше Пелистер, кај гостите најефикасен беше Војдан Стојановски со 16 поени.

- Оглас -

Најнови вести