Манчестер сити киксираше на свој терен и одирга само 2:2 против Кристал Палас во најнеизвесниот меч одигран попладнево во Премиер лигата. Двете екипи може да жалат што не стигнаа до триумф, а на крајот мораа да се задоволат со еден освоен бод.
Кристал Палас уште во првиот дел покажа дека е дојден по изненадување. Новото засилување од Евертон, Турчинот Ченк Тосун погоди во 39 минута за водство на гостите на полувремето. Сити се мачеше повеќе од 80 минути да го скрши отпорот на противникот, а на крајот тоа му успеа на Серхио Агуеро.
Аргентинецот прво погоди за 1:1, а пет минути подоцна донесе голема радост за домаќините и водство од 2:1. Агуеро сега има 250 погодоци во 360 меча за Сити и е убедливо најдобриот стрелец странец во историјата на Премиер лигата. Кога изгледаше дека Граѓаните на крајот ќе се спасат и ќе победат, Фернандињо си даде автогол во 90 минута.
И Арсенал киксираше на свој терен и одигра само 1:1 против Шефилд, а интересно е што само последнопласираниот Норич се радуваше на свој терен. Пуки погоди од пенал за победа против Борнмут.
Во останатите мечеви: Брајтон – Астон вила 1:1, Сандерленд – Вулверхемптон 2:3 и Вест хем – Евертон 1:1.