27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Лудакот го повика Ел Пистолеро во репрезентацијата на Уругвај за дуелот со Аргентина

Селекторот на фудбалската репрезентација на Уругвај, Марсело Бјелска, кого навивачите и медиумите го нарекуваат „лудак“, за претстојните дуели од квалификациите за пласман на СП 2026 го повика во националниот тим и напаѓачот Луис Суарес.

Суарес последен пат за Уругвај настапи на Светското првенство кое минатата година се одржа во Катар, но одличните игри во дресот на Гремио го натераа селекторот да му врачи повик за дуелите со Аргентина (17 ноември) и Боливија (22 ноември).

Популарниот Ел Пистолеро досега одигра 137 натпревари за Уругвај и е најдобар стрелец во историјата на својата селекција со 68 гола.

- Оглас -

Најнови вести