Неверојатната завршница и головите во судиското продолжение во последното коло во белгискиот шампионат освен навивачите на Антверпен, израдуваа и обложувач на Sport Life во Тетово.
Тетовец во објект на Sport Life со уплата од 50 денари, погоди 11 натпревари, меѓу кои беа и двата меча од белгиската Жупилер лига и заработи 174.314 денари бруто.
Токму тие беа последни два натпревари на тикетот кои прво донесоа голема нервоза и неизвесност, а потоа и огромна радост на Тетовецот.
Тоа беа дуелите меѓу Генк и Антверпен и Унион Сен Жил и Бриж, кои обложувачот ги одигра идентично Х2& 2+.
Двата натпревари до 89-тата минута не му одеа во прилог на обложувачот, Унион Сент Жил имаше водство од 1:0 и титула во рацете, додека Генк водеше со 2:1 против Антверпен. Но, Бриж во судиското продолжение кое траеше цели десет минути постигна три гола за пресврт за шок за навивачите на домашниот тим, кој остана без титулата.
Антверпен пак до реми кое му ја донесе титулата по пауза од 66 година дојде со голот на Тоби Алдервејрелд во 94-тата минута. Неверојатната завршница, освен навивачите на Антверпен, го израдува и тетовецот кој си заработи малку помалку од 3.000 евра.
Тетовецот имаше голема доза на среќа и на натпреварот Лече – Болоња, на којшто одигра гостинот да слави и притоа да постигне два барем два гола. Болоња славеше со 2:3, а голот за победа го постигна Фергусон во седмата минута од судиското продолжение.
Неизвесно беше и на натпреварот меѓу Рома и Специја бидејќи Римската волчица до триумфот од 2:1 дојде со голот на Пауло Дибала во 89-тата минута.


