Луди 10 минути на Топчиите во Прага – Им поништија гол, па ја наполнија мрежата на Славија (Видео)

Луди 10 минути одиграа фудбалерите на Арсенал во првото полувреме во Прага против Славија и ги прегазија ривалите со четири гола, од кои првиот во 14-тата минута на Смит Роу беше поништен поради офсајд.

Сепак, тоа не ги поколеба гостите кои нагазија во полна брзина и постигнаа три важечки погодоци и водат со 3:0 по првото полувреме на реваншот против Славија.

Николас Пепе беше стрелец во 18-тата минута за 0:1, а потоа беше досуден пенал за Арсенал што го реализира Лаказет во 21-вата минута.

https://twitter.com/UbylexEdy/status/1382776686069047304?s=20

Но, тоа не беше сè од Арсенал во пеколните 10 минути, а Сака со нов гол во 24-тата минута само ја зголеми убедливата предност на гостите од Лондон.

https://twitter.com/CompleteSport24/status/1382777257647824896?s=20

Првиот меч заврши нерешено, 1:1, па сега на Славија ќе ѝ треба чудо и најмалку четири гола во мрежата на Лено и притоа Арсенал да не постигне ниту еден погодок во второто полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести