При Сен Жермен и Манчестер сити играат во дербито на вечерта во кое двете екипи бараат победа за да имаат поголеми шанси за останување во Лигата на шампионите.
Откако по првото полувреме немаше голови, стартот на вториот дел беше фуриозен. Во период од 50-тата до 60-тата минута беа постигнати дури четири гола, по два на двете страни.
Сити поведе со голот на Грилиш во 50-тата минута, а само три минути подоцна следуваше гол и на Ерлинг Халанд. Погодоците на Сити може да ги видите ТУКА и ТУКА.
ПСЖ не се предаде и веднаш возврати. Во 56-тата минута погоди Дембеле, а само четири минути подоцна израмни Баркола на 2:2. Погодоците на ПСЖ може да ги видите ТУКА и ТУКА.