Луди 4 и пол минути во Англија, Норич и Лидс приредија експресно гол-шоу (Видео)

Норич и Лидс беа тивки речиси цел час на мечот од 10. коло во Премиерлигата, а потоа почнаа лудите четири и пол минути во кои беа постигнати дури три гола.

Мечот без голови го прекина Рафиња со погодок во 56. минута, но веднаш возвратија домаќините со погодокот на Омобамиделе во 58. минута.

Радоста на навивачите на Норич траеше кусо, само 180 секунди, бидејќи гостите од Лидс повторно погодија и поведоа со 1:2 со голот на Родриго во 61. минута.

Лидс има предност од еден гол по 80. минути игра и е поблиску до втората победа во првенството, отколку Норич до првиот триумф во новата сезона во англиското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести