Рома, Аталанта и Јувентус во борба за Лигата на Европа, Верона или Специја ќе испадне

Наполи повеќе од 30 години чекаше и конечно дочека да е италијански првак, а вечерва се спушта завесата за оваа сезона. Не само што е јасно кој е првак, туку и тоа кои ќе бидат на второто, третото и четвртото место, кои носат пласман во Лигата на шампиони.

Неизвесно е кои екипи ќе играат во Лигата на Европа, а која ќе извиси, па како утешна награда ќе добие место во Конференциската лига. Аталанта е петта со 61 бодови, Рома има 60, а Јувентус е седми со 59 бодови. Тимот од Бергамо дома игра против Монца, Рома на „Олимпико“ ја пречекува Специја, а Удинезе е домаќин на Јувентус.

СПЕЦИЈА ИЛИ ВЕРОНА?

Во Серија А ќе има и голема битка за опстанок и тоа меѓу Верона и Специја. Двете екипи имаат по 31 бодови, но едната на крајот ќе се спаси, а другата ќе игра во Серија Б следната сезона.

Специја е во пол-позиција затоа што има подобар меѓусебен дуел со Верона (победа од 2:1 и реми 0:0), па ако двете екипи на крајот имаат ист број на бодови, таа ќе се спаси. Специја гостува кај Рома, на која истотака и требаат бодови за да остане на позиција за во Лигата на Европа, па нема да може многу да се надева на „подарени“ бодови.

Ситуацијата со Верона е поинаква. Гостува на „Сан Сиро“ кај Милан, а Росонрите сигурно се четврти на крајот. Најавите се дека Милан нема да калкулира и дека ќе игра во речиси истиот состав кој во минатото коло го победи Јувентус во Торино.

- Оглас -

Најнови вести