Луди квоти во секакви комбинации: кој прв ќе даде гол, дали ќе има пенали, колку корнери, шутеви, фаули, аути, жолти картони ќе има?

Дербито на денот на Светското првенство ќе го играат Бразил и Србија. Петкратниот светски првак е голем фаворит, но Србија има квалитетен тим кој најавува атак на висок пласман на Мундијалот.

Комбинацијата Србија да победи, а Митровиќ да даде гол носи квота девет. Нејмар е главен фаворит за стрелец на првиот гол на мечот.

Може да се обложите и на тоа кој ќе го има почетниот удар, кој прв или последен ќе изведе корнер, потоа обложување на жолти картони, замени, удари во рамките на голот… Дури пет е квотата за Србија да добие пенал, а „границата“ за шутеви во рамките на голот на Србија е на 6,5.

Луис Суарес и Единсон Кавани треба да бидат главни адути во тимот на Уругвај, кој е фаворит за победа против Јужна Кореја, која во своите редови ја има ѕвездата на Тотенхем, Хеунг-мин Сон. Дури 18 е квотата првиот гол на овој меч да биде автогол.

Овие две селекции досега имаат одиграно седум меча, а Уругвај победил дури шестпати. Сепак, самодоверба за Јужна Кореја е тоа што тие се радувале во последната меѓусебна пресметка, кога пред четири години го победија Уругвај со 2:1.

Кристијано Роналдо ќе ја предводи Португалија во дуелот против Гана. Овие две селекции играа на Мундијалот во 2014 година, а Португалија славеше со 2:1. Интересно е дека тогаш првиот гол беше автогол од играчите на Гана, а погодокот за победа на Португалија го постигна токму Роналдо во 80-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести