9.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Луди пет минути во Кардиф: Велс води со 2:1 против Македонија (Видео)

Репрезентацијата на Велс води со 2:1 против Македонија, и тоа по неполни 22 минути игра во Кардиф. Домашниот тим уште од стартот започна офанзивно и покажа дека е решен да победи.

Се играше 18-тата минута кога домаќините беа во напад, а Андреј Стојчевски несмасно реагираше и направи прекршок за пенал. Капитенот на Велс, Вилсон, беше прецизен и донесе голема радост.

Само три минути подоцна Брукс зголеми на 2:0, но овие погодоци на Велс не ги разнишаа нашите фудбалери. Овој погодок на Велс може да го видите ТУКА.

Во 23-тата минута Велковски феноменално асистираше, а Бојан МИовски погоди за 2:1.

- Оглас -

Најнови вести