Луди сцени на „Енфилд“, почесна гарда за двата тима, Клоп воодушевен (Видео)

Ливерпул и Кристал Палас на „Енфилд“ играат меч од Премиер лигата на кој двата тима се во славеничко расположение, а се случи и нешто веројатно досега невидено, „тунел“ од почесна гарда им беше направена на двата тима.

Најпрвин гостите од Лондон застанаа настрана за да го поздрават новиот шампион на Премиер лигата, а потоа играчите на Ливерпул направија тунел и му аплаудираа на освојувачот на ФА купот.

На трибините на „Енфилд“ е и Јирген Клоп кој поради коронавирусот не можеше да ја прослави титулата во Премиер лигата со фановите на Ливерпул во 2020 година, а денеска ќе го почувствува тоа, иако веќе не е тренер на тимот.

- Оглас -

Најнови вести