Во август 2021 година се случи фудбалската сензација на векот. Лионел Меси си замина од Барселона и реши да заигра за Пари Сен Жермен. Навивачите на Светците беа во делириум кога дознаа дека Меси ќе биде во нивниот клуб.
Сите очекуваа дека со доаѓањето на Меси, во Париз ќе пристигне и трофејот од Лигата на шампиони. Сепак, по две години поминати на Лео во ПСЖ, ситуацијата е поинаква. Францускиот тим уште ја нема освоено Лигата на шампиони, а во клупските витрини пристигнаа само три пехари (два од првенството и еден од купот).
Меси за овие две години одигра вкупно 74 средби во кои постигна 32 голови. Во последните неколку месеци, навивачите на ПСЖ јавно почнаа да го искажуваат револтот и незадоволството што Меси заработува милиони евра, а ефектот на теренот не е како што тие посакуваа.
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од јуни, а многу мали се шансите да биде потпишан нов договор. ПСЖ вечерва на „паркот на принцовите“ игра против Клермон, а Серхио Рамос јавно објави дека тоа ќе биде негов последен мечво дресот на Светците.
Меси засега уште јавно не најавил заминување, но речиси неверојатно е дека Аргентинецот ќе остане во ПСЖ и следната сезона.
Интер Мајами од САД и Ал Хилал од Саудиска Арабија се двата клуба кои водат „војна“ за да го доведат Меси во своите редови.
JUST IN: Inter Miami have made an offer to Leo Messi and they want him to join in July! pic.twitter.com/785TcWFdjt
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) June 2, 2023