Лудило: Дадоа гол за титула во 90 минута! (Видео)

Раџа Казабланка повторно е шампион на Мароко откако во неверојатна завршница, во последното коло победија со 2:1 и ја задржаа челната позиција на табелата. Првенството на Мароко беше едно од најнеизвесните во светот, а во пресрет на последното коло дури три екипи имаа шанса за титулата.

На Беркене му требаше чудо, но Видад беше веднаш зад Раџа, со еден бод помалку. Во исто време играа Видад на гости кај ФУС Рабат, додека Раџа на свој терен го пречека ФАР Рабат. На полувремето Видад играше 1:1, а Раџа дома губеше 0:1. Лидерот израмни на 1:1 во 62 минута, но во 88 минута ги чекаше шок. Видад поведе со 2:1, што значеше дека ако Раџа не победи, ќе го загуби лидерското место на табелата, а со тоа и титулата.

Се играше 90 минута кога Хафиди погоди за Раџа за победа од 2:1 и неверојатна радост на многубројните навивачи во Казабланка. На крајот, по 30 одиграни кола, Раџа Казабланка заврши со 60 бода, пред Видад со 59 и Беркеле со 57 бодови.

По завршување на мечот, илјадници навивачи излегоа низ улиците да го прослават успехот на нивниот омилен тим.

https://twitter.com/i/status/1315390157198168071

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести