Необична ситуација на еден фудбалски меч во Непал го привлече вниманието на светската спортска јавност.
За време на средба од полуфинале на Куп, на теренот слета хеликоптер. Навивачите и играчите беа во шок, не знаеја што се случува, мислеа дека е некоја вонредна ситуација, а се покажа дека леталото го изнајмиле четири момчиња кои биле пијани и добиле идеја да го гледаат натпреварот на којшто играл нивниот омилен тим, кој беше гостин.
Момчињата инсистирале пилотот да слета на теренот, па тој попуштил под притисокот. Кога публиката сфати што се случило, ги нападна пилотот и пијаните момчиња и почна да ги тепа.
Полицијата е најзаслужна што тепаните извлекоа жива глава, но сепак изедоа доста ќотек и биле крвави.