Лудило на лисабонското дерби, Бенфика губеше до 94-та минута, а го победи Спортинг! (Видео)

Бенфика со неверојатен пресврт дојде до победа од 2-1 во градското дерби против Спортинг Лисабон.

Досега непоразениот Спортинг водеше со 1-0 по првото полувреме, а речиси цело второ го играа со човек помалку, по исклучувањето на Гонсало Инасио. Лавовите се бранеа добро до 93-та минута, а тогаш примија гол и психички паднаа. Овој гол за 1:1, може да го видите ТУКА. Шокот стана двоен кога во 97-ма минута Орлите во црвени дресови постигнаа и втор гол за победа.

Сега двата тима имаат ист број бодови, три повеќе од третиот Порто.

За драмата да биде целосна, голот за 2-1 кој го даде Тенгстед прво беше поништен од судиите поради наводен офсајд, а по прегледување на снимка беше признат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести