Лудило на терен, лудило на трибините, Фламенго со пресврт го победи Челзи (Видео)

Бразилскиот гигант Фламенго го победи Челзи со 3-1 во интересен меч на кој Сините од Лондон водеа со 1-0 по првото полувреме.

До 60-та минута Челзи водеше 1-0 и се играше 11 на 11, а потоа набрзина им се случи потоп, веќе во 68-ма беше 2-1 за Фламенго и плус Николас Џексон доби директен црвен картон, па премиерлигашот остана и со човек помалку на терен. Точка беше ставена со голот на Јан Валас во 83-та минута.

Јужноамериканските тимови имаат голема поддршка од трибините, а и временските услови како повеќе да им одговараат, и засега немаат пораз на Светското клупско првенство кое се игра во САД.

Клучниот гол за Фламенго за 2-1 го постигна искусниот бек Данило (екс играч на Порто, Реал, Јувентус, Манчестер сити).

Погледнете го:

- Оглас -

Најнови вести