Лудило: Порто од 0-2 до 3-2, третиот гол го даде синот на тренерот Консеисао и тоа само што влезе во игра (Видео)

Фудбалска драма со среќен за гостите се одвиваше синоќа на натпреварот од португалската лига помеѓу Есторил и Порто.

Фаворитот губеше со 0-2 по првото полувреме, но на крај успеа да победи со 3-2. Третиот гол го даде Франсиско Консеисао во 89-та минута и тоа само две минути по влегувањето во игра. Франсиско и син на тренерот на Порто и легенда на португалскиот фудбал, Сержо Консеисао.

Франсиско има 19 години, ова му е прв гол во дресот на Порто, а може да биде многу значаен, бидејќи Порто го искористи киксот на Спортинг, па сега Змејовите имаат три бода предност.

Погледнете каква беше радоста на таткото и синот:

- Оглас -

Најнови вести