Лудило: Судиите се повредија, мечот на култниот клуб го судеше навивач во златни копачки (Видео)

Натпреварите од ниските лиги ширум светот секогаш нудат некаков спектакл, а изминатиот викенд навивачите такво нешто видоа на дуелот од англиската Лига 1, трета по квалитет, меѓу Портсмут и Челтенам.

На овој дуел повреди доживеаја двајца судии, помошниот судија се повреди во 35-тата минута и беше заменет со четвртиот арбитер. Но, во 57-мата минута се повреди и тој, по што дојде до прекин на натпреварот и најбизарниот момент на мечот. Со цел да се продолжи натпреварот, официјалниот спикер преку разглас праша дали има судија меѓу навивачите на трибините.

https://twitter.com/i/status/1693057380114657386

И во моментите кога гостинските фудбалери тргнаа кон соблекувалната, на теренот се појави Џулијан Брауининг, локален фудбалски судија во ниските лиги. Тој дошол да го гледа мечот на Портсмут, но на крајот заврши како судија.

„Добив опрема од вториот помошен судија, кратки шорцеви и чорапи кои ги имаше како резервна опрема и златни копачки кои ги пронајдовме во соблекувалната“, изјави Браунинг за англиските медиуми.

https://twitter.com/StatmanDave/status/1692927481815167223?s=20

Тој доби овации од навивачите кога се појави на теренот, но за меиумите изјави дека бил загрижен поради нешто друго.

„Јас сум голем навивач на Портсмут и откако знам за себе имам сезонски билет. Кога се појавив на теренот, „ми проработе“ адреналинот и бев загрижен поради две работи. Првата беше ако има некој спорен момент, а втората беше како ќе реагирам ако Портсмут постигне гол“, додаде Браунинг.

На крајот мечот заврши без голови.

- Оглас -

Најнови вести