Пелистер му се одмазди на Вардар за минималниот пораз во Скопје во првиот нивен меѓусебен дуел сезонава, и со 1-0 славеше во вечното дерби на Македонија, и тоа со гол во 93-та минута.
Искусниот Мирко Ивановски беше стрелец на голот, и тој веднаш истрча кон трибините за да прослави со Чкембарите, за што доби црвен картон.
Пред голот, Вардар беше поопасен, а кога се чинеше дека средбата ќе заврши нерешено, дојде голот на Ивановски за победа во историскиот прв меч во Битола одигран под рефлектори.
Вардар останува последен на табелата, а Пелистер е седми и има двојно повеќе бодови (16-8) од Црвено-црните по 13 кола.