Лудило во Бостон: Леверт со невидена симултанка надополни 21 негатива и ги нокаутира Келтите (видео)

Партија која ќе ја памети како најдобра во неговата кариера, дефинитивно. Карис Леверт имаше незаборавна ноќ во Бостон, каде што неговиот Бруклин триумфираше со конечни 129:120 токму поради неговата симултанка во четвртиот период и продолжението.

Во епскиот камбек во кој Бруклин надополни 21 поен негатива, Леверт реализира за него рекордни 51 поен, односно 37 ги постигна во последната четвртина и петте дополнителни минути. До почетокот на последните 12 минути при резултат од 84:67 за Селтикс, Леверт броеше само 14 поени, а потоа го погоди речиси секој негов обид, па периодот го заврши со реализiрани 26 поени и обезбеди мечот да се игра во дополнителнен период.

За пет минути Леверт ги постигна сите 11 поени на гостите, дозволувајќи Бостон да погоди само еден кош и да ја донесе 27-мата победа за Нетс.

Останати резултати:

Шарлот 103:104 Сан Антонио, Њу Орлеанс 134:139 Минесота, Оклахома 94:109 ЛА клиперс, Денвер 100:116 Голден стејт, Феникс 114:123 Торонто, ЛА лејкерс 120:107 Филаделфија, Сакраменто 133:126 Вашингтон.

- Оглас -

Најнови вести