Седум меча се одиграа досега во првото коло од новото првенство во германската Бундеслига, а ефикасноста е фантастична. Новиот шампионат започна на „Алијанц Арена“ каде Баерн Минхен немаше милост и со 6:0 го победи Лајпциг.
Тоа како да беше најава дека и на следните средби кои ќе се играат викендов може да се очекуваат голови. Денеска се одиграа шест натпревари и сите екипи кои беа на теренот постигнаа најмалку по еден гол: Баер Леверкузен – Хофенхајм 1:2, Ајнтрахт Франкфурт – Вердер Бремен 4:1, Фрајбург – Аугсбург 1:3, Хајденхајм – Волфсбург 1:3, Унион Берлин – Штутгарт 2:1, Сент Паули – Борусија Дортмунд 3:3.
Ако се соберат сите погодоци постигнати во првите седум меча од првенството во Германија, вкупно има постигнато 31 голови, што е 4,42 по натпревар.
Првото коло од Бундеслигата ќе се комплетира утре со дуелите меѓу Мајнц – Келн и Борусија Менхенгладбах – Хамбург.