На натпреварот помеѓу Родез и Лориен од втората француска лига беа постигнати невообичаено многу голови, шест, но она што е несекојдневно е голот на домашниот голман, Лионел Мпаси-Нзау, кој успеа да погоди со глава во 97-мата минута за израмнување на 3-3.
Родез губеше со 2-3 од фаворитот Лорин, кој е второпласиран и со амбиции за враќање во најквалитетната француска лига, а во последните секунди требаше да се изведе корнер. Домашниот голман тргна во напад и во стил на расен стрелец успеа да погоди за реми и за голема радост на трибините и помеѓу соиграчите.