Лудило во Милано: Интер и Барселона повторно одиграа 3:3, ќе има продолженија (Видео)

Неверојатен реванш меч играат Интер и Барселона во полуфиналето од Лига на шампиони. Откако првиот меч во Барселона заврши 3:3, вечерва и на „Џузепе Меаца“ резултатот по 90 минути е 3:3, што значи дека вкупниот резултат е 6:6 и ќе мора да се играат дополнителни 30 минути, а можеби ќе треба да има и пенали за да се дознае патникот во финалето.

Возбудувањата започнаа со голот на Лаутаро Мартинез во 21 минута, а во финишот од првото полувреме, предноста на домаќините беше удвоена кога Хакан Чалханоглу погоди од пенал.

Претходно фаулиран беше Лаутаро Мартинез, судијата Марчињак не досуди ништо, но по реакција од ВАР собата, беше покажано на белата точка, а Интер поведе со 2:0.

Во второто полувреме Барселона тргна на се или  ништо. Пресвртот на каталонскиот гигант го најави Ерик Гарсија кој даде прекрасен гол во 54 минута, намалувајќи на 2:1.

Само шест минути по голот на Ерик Гарсија, следуваше нова радост за гостите, а стрелец беше Дани Олмо.

Барселона направи целосен пресврт со погодокот на Рафиња во 87 минута и гостите поведоа со 3:2.

Inter 2 – [3] Barcelona – Raphinha 88′
byu/kanaru84 inBarca

Сепак, тука не беше крајот. Се играа пет минути продолженија, а интер успеа да израмни на 3:3. Ачерби донесе голема радост и го спаси Интер од елиминација со гол во 90+3 минута.

- Оглас -

Најнови вести