Лудило во Тулуз, Олимпик Лион поведе, па губеше за на крајот да се радува на победа

Фудбалерите на Тулуз и Олимпик Лион со фантастичен натпревар и два пресврти го отворија 26-тото коло во француската Лига 1.

На крајот Олимпик Лион славеше со 3:2 и тоа со два гола во финишот од мечот.
Поранешниот француски шампион поведе со голот на Александре Лаказет во 33-тата минута и до крајот на првиот дел немаше промени.

На стартот од второто полувреме, домаќинот со два гола за само пет минути, во 53-тата и во 58-та минута преку Далинга и Сиеро, направи пресврт и го сврте резултатот во своја корист.

Како што Тулуз за пет минути направи пресврт, во финишот, Олимпик Лион за четири минути ги шокира домашните навивачи и ги освои бодовите.

Прво, Рајан Шерки во 77-та минута го израмни резултатот, за во 81-та минута Џејк О’Браен да погоди и да донесе победа на Олимпик Марсеј.

 

- Оглас -

Најнови вести