Лудило во Турција пред последното коло: Шок за Бешикташ, Галата во игра за титулата

Вистинска лудница се случи во претпоследното коло од турската Суперлига, по што ќе следува уште полудо последно коло, во кое ќе се одредува новиот шампион.

Лидерот Бешикташ загуби дома од Гарагумрук со 1-2, додека Галатасарај со убедливата гостинска победа од 4-1 над Денизлиспор изби на второто место со еднаков број на бодови (81) колку и Бешикташ.

Фенербахче е најголем лузер во ситуацијата. Поранешниот тим на Елиф Елмас загуби дома со 1-2 од Сиваспор и падна на третото место со 79 бода и може да ја освои титулата само доколку се случи чудо во последното коло.

Во последното коло Галатасарај ќе го вгости тимот на Јени Малатијаспор, Бешикташ гостува кај Ѓозтепе на Адис Јаховиќ, додека Фенербахче исто така го чека гостување кај Кајсериспор.

- Оглас -

Најнови вести