Мексиканскиот Тигрес на неверојатен начин успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите во КОНКАКАФ (Северна и Средна Америка и Карибите) откако со гол во 94-тата минута го елиминираше тимот на Алијанц од Ел Салвадор.
Тигрес беше голем фаворит во овој двомеч, но резултатот не одеше по планот на мексиканскиот тим. Алијанц во првата средба победи со 2:1, а на реваншот Тигрес брзо стигна до 3:0 и се мислеше дека работата е завршена. Сепак, гостите не се предадоа и постигнаа два гола, за 3:2. Фактот дека Алијанц даде два гола на гости значеше дека на Мексиканците им беше потребна победа од два гола.
Судијата покажа четири минути дополнително време, а во последната минута беше досуден слободен удар за Тигрес. Во напад тргна и голманот на домаќините Нахуел Гузман, кој погоди со глава за неверојатна радост на домашните играчи и навивачи.