Лудилото во Англија продолжува: Сите екипи дадоа гол, вкупно 25 гола во шест меча (Видео)

Веќе станува традиција во англиската Премиер лига да има многу голови на сите мечеви. Во досегашните шест меча кои се одиграа во 30 коло беа постигнати дури 25 погодоци (просек повеќе од четири гола на меч), а интересно е дека сите екипи се израдуваа барем на еден погодок.

Тотенхем се радуваше на триумф против Лутон, иако гостите водеа на полувреме. Сон е херојот на Тотенхем погодувајќи за 2:1 во 86 минута.

Челзи одигра уште еден разочарувачки дуел и тоа на „Стемфорд Бриџ“, па на крајот освои само еден бод во дуелот против Барнли. Гостите останаа со играч помалку по црвениот картон на Асињон во 40 минута, а Челзи поведе со голот на Палмер од пенал пред крајот на првиот дел.

Домашните ги имаа сите предусливи за освојување на три бода. Играа пред своите навивачи, имаа водство и играч повеќе, но на крајот може да се задоволни што не загубија. Кулен погоди за 1:1 на стартот од второто полувреме, а Палмер повторно донесе радост за Челзи.

Барнли не се предаде и со играч помалку даде и втор погодок. Гостите во финишот имаа шанси и за целосен пресврт, но прво ја погодија пречката, а потоа пропуштија одлична шанса за трет гол.

Највозбудливо беше во Шефилд каде домашниот Јунајтед одигра 3:3 против Фулам. Борнмут со 2:1 го победи Евертон, а единствено три погодоци немаше на пресметката меѓу Нотингем и Кристал Палас (1:1). најмногу голови имаше на крајот меч што се одигра денеска во кој Њукасл со 4:3 беше подобар од Вест хем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести