Лудилото започна: Погледнете како е пред хотелот кај што се играчите на Бока (Видео)

Навивачите на Бока јуниорс уште еднаш фасцинираат со својата посветеност кон клубот и поддршката која ја даваат. Откако на последниот отворен тренинг пред денешниот реванш против Ривер плата во финалето од Купот Либертадорес присуствуваа 50.000 навивачи, сега тие прават шоу и пред почетокот на мечот.

Илјадници навивачи се излезени на улицата пред хотелот во кои се сместени фудбалерите на Бока и постојано пејат и скандираат на своите миленици. Бока ќе има тешка задача, бидејќи на свој терен одигра само 2:2 и сега Ривер е фаворит за континенталниот трофеј, поради тоа што игра на свој терен и ќе ја има поддршката од своите навивачи. Без разлика на тоа што Бока на стадионот „Монументал“ ќе биде гостин, тоа што го направија навивачите на овој клуб во последниве неколку дена е за восхит.

 

- Оглас -

Најнови вести