18.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Лудиот финиш од СССР – Југославија се повтори во НБА – Со 8 поени за 8 секунди го нокаутираа фаворитот (Видео)

Вашингтон визардс приредија вистинска магија во финишот на мечот со Бруклин нетс и со 8 поени за 8,1 секунда од негатива од пет поени разлика, стигнаа до победа од 149:146.

Најпрво Бредли Бил со тројка намали на 146:144, а потоа домаќините лошо изведоа од под кош, гостите дојдоа до топката, Гарисон Метјуз му асистираше на Расел Вестбрук, а бекот на Визардс со уште една тројка му донесе предност од 146:147 на гостинот од Вашингтон.

Приказната заврши со прецизно изведени слободни фрлања на Бил за победа на аутсајдерот со 8 поени во последните 8,1 секунда.

Финишот на мечот многу потсетува на драмата од 1986 година во полуфиналето на Мундијалот меѓу СССР и Југославија, кога кошаркарите на Советскиот сојуз анулираа негатива од 9 поени во финишот и потоа победија во продолженија со 91:90.

- Оглас -

Најнови вести